| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА го напушта Собранието

imer-aliu-2

Пратениците од ДПА го напуштаат Собранието – соопштија од партијата на денешната пресконференција во собранието по физичката пресметка помеѓу ДУИ и ДПА.

Тие сметата дека ова било продолжение на антиалбанското дејствување на ДУИ. Бараат одговорност од повеќе пратеници од ДУИ.  Бараат одговорност од Талат Џафери, од лидерот на ДУИ, Али Ахмети…

-Али Ахмети и неговите луѓе како насилници на Албанците се претвориле во јаничари на антиалбанската политика, како во последните случаи на донесување на уставните измени и антиалбанскиот буџет. Бараме итно да се започне со кривично гонење на овие  насилници и криманалци, Талат Џафери, Реџаил Исмаили, Мирван Џемаили, Артан Груби и Муса Ибраими… Ние во меѓувреме ќе преземе заштитни мерки  за да се заштитиме од овие злосторници. Земајќи ја во предвид настанатата ситуација ние повеќе нема да учествуваме и присуствуваме во понатамошната работа на Собранието. Упорно ќе продолжиме да ги браниме албанските интереси – истакна Имер Алиу.

imer-aliu-1

Фото: Ѓ. Личоски (Република)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top