Премиерот Никола Груевски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на украинската компанија „Енегрија“, Андреј Конашков, го потпишаа договорот за инвестирање на оваа фабрика во Македонија.
Инвестицијата е вредна 18 милиони евра и ќе овозможи 150 директни и околу 50 индиректни вработувања.
Фабриката ќе започне да се гради во април идната година во индустриската зона Скопје 2, на површина од 20.000 метри квадратни.
Сопственикот Конашков истакна дека со отворањето на фабриката во Македонија ќе ја затвори постоечката во Киев и планира фабриката во Скопје да биде монопол за целиот свет.
Компанијата „Енергија“ се занимава со нови иновативни технологии за прочистување на вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме


