| четврток, 6 декември 2018 |

Реванш натпревари – кој ќе оди во групната фаза од ЛШ

Вечерва на програмата се првите пет реванш натпревари од Лигата на шампиони, подобриот од двата дуела ќе се пласира во групната фаза.

Вечерва се играат дуелите: Зенит – Стандард (1:0 прв натпревар), АПОЕЛ – Алборг (1:1), Селтик – Марибор (1:1), БАТЕ Борисов – Слован Братислава (1:1), Порто – Лил (1:0),

Утре на програмата се уште пет натпревари: Арсенал – Бешикташ (0:0), Атлетик Билбао – Наполи (1:1), Баер Леверкузен – Копенхаген (3:2), Лудогорец – Стеауа (0:1) и Малме – Салцбург (1:2).

Пласман во групите имаат обезбедено досега 22 екипи (директно), а ќе им се приклучат и десетте победници од бараж натпреварите.

Извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе се изврши во четврток, 28 август, во Монако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top