Светската здравствена организација (СЗО) синоќа објави дека повеќе од 120 здравствени работници починале од вирусот ебола во западноафриканските држави.
Во соопштението на СЗО се наведува дека најмалку 240 здравствени работници, кои работат во Гвинеја, Либерија, Нигерија и во Сиера Лене се заразени со ебола.
СЗО нагласува дека епидемијата на ебола зафатила голем број медицински лица, што е без преседан.
Во епидемијата на ебола во Западна Африка досега починаа над 1.400 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.