Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање предводена од министерот Нурхан Изаири денеска имаше работна средба со раководството на Макстил АД Скопје. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Изаири бил запознат реализацијата на обврските согласно оперативниот план во однос на преостанатите шест ставки кои Макстил со продолжување на рокот е задолжен да ги реализира заклучно со 31 октомври 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


