Македонија ќе добие национален регистар на загадувачи. Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ од Скопје, Министерството за животна средина и Владата преку проектот „Право да знаеш-Веднаш!“ финансиски подржан од амабасадата на Кралството Норвешка во Белград денеска во Штип ја одржаа првата работилница со фирмите и општините за создавање националниот регистар на загадувачи.
Кирил Ристевски од Центарот за еколошка демократија „Флорoзон“-Скопје вели дека компаниите кои имаат А интегрирани дозволи, а во земјава во моментов се 145 од оваа година ќе доставуваат извештаи за видот и обемот на загадувањето, кои во електронска форма ќе бидат достапни за институциите, но и за граѓаните.
– Јавноста ќе има можност преку картографски приказ да има податоци каде се врши загадувањето на територијата на Република Македонија. Точно во кој предел, кој вид односно каков тип на загадување и каков третман се применува при производствените процеси за санација на животната средина, информира Ристовски.
Тој додаде дека од софтверската алатка бенефит ќе има Владата, индустријата и граѓаните, а формирањето на регистарот ќе значи и следење на меѓународните прописи и стандарди и законската легислатива на земјите од ЕУ.
Фирмите, но и општините кои денеска беа на првата работилница за формирање на националниот регистер на загадувачи велат дека конечно земјава ќе добие јасни податоци каде и кој колку го загадува воздухот, почвата и водите. Во Македонија во моментов развиено е мерењето на воздухот, два града се на листата на едни од најзагадените во Европа, а екологистите велат дека покрај регистарот во наредниот период државата треба да се насочи и кон мерење на загаденоста на почвата и водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се откријат загадувачите: Апликацијата „Мој воздух“ наскоро ќе овозможи попрецизно лоцирање на загадувачите на воздухот
-
Можен е свет без јаглен, нафта и гас
-
Детали за полициската акција во Министерството за животна средина
-
Потпишани договори за Програмата за инвестирање во животната средина во делот подобрување на квалитетот на водите