| четврток, 6 декември 2018 |

Добитникот на „Златен венец“, Ко Ун ќе стане почесен член на ДПМ

Утре (вторник, 26 август) во 11 часот во Домот на македонските писатели во Скопје, добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечереи на поезијата, истакнатиот корејски поет Ко Ун, ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ. Одлуката за прогласување на Ко Ун за почесен член ќе ја соопшти претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски, а за творештвото на истакнатиот корејски поет ќе зборуваат Мите Стефоски, директор на СВП, и Славе Ѓорѓо Димоски, претседател на Управниот одбор на струшкиот поетски фестивал. На средбата венцоносецот Ко Ун ќе им се обрати на љубителите на поетскиот збор од главниот град на нашава земја кои ќе имаат можност непосредно да се запознаат со неговото творештво.

           

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top