| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ: Сакав да ја завршам кариерата (видео)

Српската тенисерка Ана Ивановиќ за акериканската телевизија СНН откри дека во 2010 година била на мислење да ја заврши кариерата.
Во август оваа година, прекрасната Ивановиќ се врати во Топ10 тенисерки на ВТА листата. Одличната сезона што ја има до сега ја вбројуваат како една од сериозните кандидатки за освојување на УС Опен кој започнува денеска. Таа досега оваа сезона ги освои турнирите во Оукленд, Бирмингем и Монтреал, а играше финалиња во Синсинати и Штудгарт.

– Имаше многу тешки моменти во мојата кариера. Посебно ја памтам 2010 година како многу тешка година за мене. Се сеќавам дека тогаш и кажав на мајка ми Драгана дека не сум сигурна дека сакам повеќе да играм тенис. Така се чувствував во моментот, но останав во тенисот. Секогаш ми се враќаше сликата кога бев мала и како се радував кога играв тенис. Тие порази и тешките моменти ме вратија посилна од било кога – изјави Ана Ивановиќ.

Screenshot_152

Како еден од потешките порази оваа година, е тој на Ролан Гарос во третото коло од Луси Сафарова.
Во првото коло на УС Опен Ивановиќ ќе се сретне со Американката Алисон Риске.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top