| четврток, 6 декември 2018 |

Јанко Узунов, човекот што се посвети на работа со деца (ИН МЕМОРИАМ)

Ненадејно од овој свет замина Јанко Узунов... Музичарот прерано не напушти. „Република“ имаше можност да разговара со него во септември минатата година...Ни беше задоволство да ја слушнеме неговата животна приказна. Овој ден нека е ден кога ги споменуваме убавите работи за „момчето со виолина“... Ви го пренесуваме разговорот со него, како и неговите планови, кои за жал, останаа само планови и желби

janko-uzunov

Брач­на­та двој­ка Јан­ко и Жак­ли­наре­ши­ја да се пов­ле­чат од фе­сти­ва­ли­те и поч­наа со ра­бо­та со шко­ла за ги­та­ра и за естрад­но пе­е­ње „Узун“ во Скоп­је. От­то­гаш, па на­та­му си­те свои но­ви про­е­кти ги пре­зен­ти­ра­ат на сво­и­те го­диш­ни кон­цер­ти, што се­кој де­кем­ври со учес­ни­ци­те во шко­ла­та ги одр­жу­ва­ат во Скоп­је и на кои се­кој уче­ник сви­ри по ед­на ну­ме­ра во жи­во.

Скро­мен, не­на­мет­лив, ед­но­ста­вен. Бла­го­да­рен што ете сме се се­ти­ле да на­пи­ше­ме не­што и за не­го и за не­го­во­то му­зич­ко де­ло.

Ние сме ви­стин­ски ам­ба­са­до­ри на сво­ја­та та­тко­ви­на, кои пре­ку пес­на­та и ин­стру­мен­тот ја пре­зен­ти­ра­ме на­ша­та кул­ту­ра. Ток­му за­тоа тре­ба да им се да­ва по­го­ле­ма важ­ност и по­чит на умет­ни­ци­те. Ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка е ед­на од нај­у­ба­ви­те на све­тот и ние тре­ба да на­пра­ви­ме ви­стин­ска пре­поз­нат­ли­ва мар­ка од неа. Ду­ри, сме­там де­ка и во на­ши­те евро­ви­зи­ски на­ста­пи тре­ба да им се да­де мож­ност на не­кои на­ши на­род­ни ин­стру­мен­ти, кои ве­што би се вгра­ди­ле во еден мо­де­рен ри­там – ве­ли на по­че­то­кот од раз­го­во­рот за „Ре­пуб­ли­ка“ пе­ја­чот и вр­вен ин­стру­мен­та­лист, Јан­ко Узу­нов.

Узу­нов е ва­лан­дов­ча­нец. По­тек­ну­ва од ро­ди­те­ли што би­ле мно­гу му­зи­кал­ни. Мај­ка му Ми­ли­ца има­ла пре­кра­сен глас. Би­ла из­бра­на на ау­ди­ци­ја и од Бог­дан­ци ја ви­ка­ле во Скоп­је да пее на ра­дио. И та­тко му, кој бил еден од глав­ни­те ор­га­ни­за­то­ри на от­по­рот про­тив фа­шиз­мот во Ва­лан­дов­ско, бил мно­гу му­зи­ка­лен. Та­ка Јан­ко, но­сеј­ќи го та­лен­тот во се­бе, ја за­са­кал му­зи­ка­та. Во пет­то од­де­ле­ние се вклу­чил во учи­лиш­ни­от ор­ке­стар – пр­во сви­рел на ман­до­ли­на, а по­тоа на ги­та­ра.

Во 1966 го­ди­на, ка­ко сред­но­шко­лец, ја фор­ми­рал гру­па­та „Злат­ни сте­ни’’. Сви­ре­ле поп – рок и за кра­тко вре­ме до­жи­ве­а­ле огром­на по­пу­лар­ност, осо­бе­но по осво­ју­ва­ње­то на не­кол­ку пр­ви на­гра­ди на то­гаш­ни­те ре­пуб­лич­ки ги­та­ри­ја­ди, кои во тоа вре­ме би­ле мош­не акту­ел­ни.

Три го­ди­ни по­доц­на до­шол во Скоп­је за да сту­ди­ра на Зем­јо­дел­ски­от фа­кул­тет, ка­де што по­доц­на и ма­ги­стри­рал ка­ко агро­ном. Иста­та го­ди­на ја поч­нал и сво­ја­та со­ли­стич­ка ка­ри­е­ра. Би­деј­ќи Скоп­ски­от фе­сти­вал му бил пре­диз­вик, учес­тву­вал на си­те не­го­ви из­да­ни­ја.

DSC_0121

Од 1975 го­ди­на поч­нал да ком­по­ни­ра за­бав­на му­зи­ка. То­гаш се за­пи­шал и на Му­зич­ка­та ака­де­ми­ја. Таа го­ди­на ка­ко де­би­тант учес­тву­вал со две ком­по­зи­ции – „Со цве­ќе да ме пре­че­каш“ и „Ти про­шта­вам сè“ ,ко­ја ја ис­пе­ал Мо­мо Ни­ко­ло­ски и до­бил вто­ра на­гра­да од пуб­ли­ка. Еден од нај­го­ле­ми­те хи­то­ви на Јан­ко Узу­нов, се­ка­ко, е „Мом­че­то со ман­до­ли­на“ со ко­ја учес­тву­вал во Опа­ти­ја, на Из­бо­рот за пес­на за „Евро­ви­зи­ја“ во 1976 го­ди­на и бил еден од фа­во­ри­ти­те, но… Тек­стот го на­пи­шал Ѓо­ко Ге­ор­ги­ев, за ко­го Узу­нов има иск­лу­чи­тел­на по­чит, а му­зи­ка­та Сла­ве Ди­ми­тров, ко­го, исто та­ка, мно­гу го по­чи­ту­ва.

Па­ра­лел­но ком­по­ни­рал и из­ве­ду­вал и фолк­лор­на му­зи­ка. Пр­ва ком­по­зи­ци­ја што ја на­пра­вил би­ла „На­ро­ден Дел­чев вој­во­да“, со ко­ја во 1972 го­ди­на, на фе­сти­ва­лот во Вр­њач­ка Ба­ња до­бил пр­ва на­гра­да за ком­по­зи­ци­ја од жи­ри­то. Ина­ку, КУД „Та­нец“ и де­нес ја ко­ри­сти оваа пес­на во сво­и­те на­ста­пи. Во тој пер­и­од фор­ми­рал и две гру­пи,„Де­те­лин­ки“ во за­бав­на­та му­зи­ка и по­пу­лар­на­та „Сир­ма“ во на­род­на­та му­зи­ка.

Од по­че­то­кот на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век поч­нал со ин­тен­зив­ни на­ста­пи по све­тот. До­се­га ре­а­ли­зи­рал 14 тур­неи во Ав­стра­ли­ја, 12 во Ка­на­да и мно­гу кон­цер­ти низ Евро­па. На тие тур­неи пре­ку пес­на­та и ин­стру­мен­ти­те са­кал да ја прет­ста­ви ви­стин­ска­та из­вор­на ма­ке­дон­ска пес­на. А на­шин­ци­те тоа со оду­ше­ву­ва­ње го при­фа­ќа­ле. Тие кон­цер­ти за Јан­ко би­ле не­за­бо­рав­ни и за­се­ко­гаш ќе оста­нат дла­бо­ко во не­го­во­то па­ме­те­ње.

На тие на­ста­пи сфа­тив де­ка Ма­ке­дон­ци­те што се да­ле­ку од та­тко­ви­на­та мно­гу по­ве­ќе ја са­ка­ат и це­нат ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка откол­ку ние ту­ка – со ре­зиг­ни­ра­ност зак­лу­чу­ва Јан­ко.

Во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни поч­нал да учес­тву­ва на Ва­лан­дов­ски­от фе­сти­вал, ко­га и офи­ци­јал­но ја поч­нал со­ра­бо­тка­та со Жак­ли­на, де­нес не­го­ва со­пру­га. Со Жак­ли­на на Ва­лан­до­во от­пе­а­ле мно­гу хи­то­ви и осво­и­ле мно­гу на­гра­ди.

Тоа се пес­ни­те „Ср­це из­го­ре“, „Јас  те љу­бам до ве­ка“,„Мом­че бре“,„Зап­ла­чи мо­ја Ма­ке­до­ни­јо“ и „Ча­ки пан­ке­рот“, ко­ја е пр­ва фе­сти­вал­ска ху­мо­ри­стич­на ком­по­зи­ци­ја и ста­на­ла ви­стин­ски хит. Јан­ко со гор­дост се при­се­ту­ва на да­леч­на­та 1987 го­ди­на.

Таа го­ди­на за­ед­но со Сми­ља Ан­до­нов­ска на­ста­пив­ме на фе­сти­ва­лот во Или­џа и осво­ив­ме пр­ва на­гра­да од жи­рито за ком­по­зи­ци­ја­та „Двај­ца пак сме се­га“ – вели Узунов.

Во 50-го­диш­но­то по­сто­е­ње на фе­сти­ва­лот, тоа е единс­тве­на на­гра­да што ја до­би­ле пе­ја­чи Ма­ке­дон­ци. Тек­стот е на не­из­беж­ни­от Ге­ор­ги­ев и бил од­бран за нај­до­бар. След­на­та го­ди­на на Или­џа до­бил на­гра­да за аранж­ман на пес­на­та „Еј пла­ни­но“. Од 1990 го­ди­на за­ед­но со Жак­ли­на учес­тву­вал на фе­сти­ва­лот за па­три­от­ски и ро­до­љу­би­ви пес­ни ,„Го­це-фест“ и во пр­ви­те три го­ди­ни до­бил нај­ви­со­ки приз­на­ни­ја. Нај­за­бе­ле­жи­тел­ни пес­ни што оста­ви­ле тра­га на фе­сти­ва­лот се: „Слав­ни­от ју­нак Го­це“, „Ма­ке­дон­че со­ко­ле“, „Не се да­вај Ма­ке­до­ни­јо“и „Ма­ке­дон­ско зна­ме“, ко­ја ја от­пеал за­ед­но со гру­па­та „Сир­ма“.

Во 1994 го­ди­на се слу­чил не­на­де­ен пре­сврт во нив­на­та му­зич­ка ка­ри­е­ра. Ре­ши­ле да се пов­ле­чат од фе­сти­ва­ли­те и да поч­на со ра­бо­та со своја шко­ла за ги­та­ра и за естрад­но пе­е­ње „Узун“ во Скоп­је. От­то­гаш, па на­та­му си­те свои но­ви про­е­кти ги пре­зен­ти­ра­ат на сво­и­те го­диш­ни кон­цер­ти, што се­кој де­кем­ври со учес­ни­ци­те во шко­ла­та ги одр­жу­ва­ат во Скоп­је и на кои се­кој уче­ник сви­ри по ед­на ну­ме­ра во жи­во. Овие но­во­го­диш­ни тра­ди­ци­о­нал­ни ху­ма­ни­тар­ни кон­цер­ти се по­све­ту­ва­ат на не­ко­ја зна­чај­на лич­ност или на не­кој ко­му му е по­треб­на не­ка­ква по­мош. Во шко­ла­та го­диш­но му­зи­ци­ра­ат по пе­де­се­ти­на уче­ни­ци и Јан­ко и Жак­ли­на се гор­де­ат со тоа што го здо­би­ва­ат уче­ни­ци­те ка­ко ква­ли­тет по на­пу­шта­ње­то на шко­ла­та. По­тоа тие се ви­стин­ски пре­зен­те­ри на ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден ме­лос.

DSC_0050

Узу­нов па­ра­лел­но со ова под­го­тву­ва и че­ти­ри кни­ги за изу­чу­ва­ње мо­дер­на ги­та­ра. Тоа што ќе има­ат мож­ност да го изу­чу­ва­ат не­го­ви­те след­бе­ни­ци е ба­зи­ра­но на не­го­во­то до­се­гаш­но искус­тво за че­ти­ри сте­пе­ни му­зич­ко обра­зо­ва­ние. За крај ве­ли де­ка уште се­га поч­ну­ва да раз­мис­лу­ва за ор­га­ни­за­ци­ја­та на го­ле­ми­от кон­церт што са­ка да го на­пра­ви при кра­јот на след­на­та го­ди­на, а по по­вод 50 го­ди­ни од не­го­ва­та му­зич­ка ка­ри­е­ра. Горд е на се­то тоа што го соз­дал до­се­га во му­зи­ка­та и сме­та де­ка тоа тре­ба да би­де до­сто­инс­тве­но обе­ле­жа­но.

(Пишува: Тони Стојковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top