Селкторот на машката фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски денеска го објави поширокиот список на репрезентативци кои ќе ги започнат подготовките за првиот квалификациски натпревар од циклусот квалификации за Европското првенство 2016 година против актуелениот шампион Шпанија на 8 септември во Валенсија.
Во него зачудувачки ги нема капитенот на македонската репрезентација на пријателските натпревари во мај Бобан Грнчаров и Давид Бабунски кој е еден од најталентираните играчи во Шпанија и настапува за вториот тим на Барселона.
Сите играчи кои се повикани се од странските првенства, освен Дарко Глишиќ, лев бек на Вардар и Марјан Радески најдобриот играч на Металург.
Ѓуровски остана на ставот дека играчите кои немаат клубови нема да бидат повикани во репрезентацијата. Од списокот изостанаа и Даниел Герогиевски и Горан Попов.
ГОЛМАНИ: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Мартин Богатинов (Ермис, Кипар), Дарко Тофиловски (Кошице, Словачка), Кристијан Наумовски (Левски, Бугарија)
ОДБРАНА: Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Даниел Мојсов (Бран Берген, Норвешка), Александар Дамчевски (НАЦ Бреда, Холандија), Адријан Цуцули (Партизани, Албанија), Ерџан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Дарко Глишиќ (Вардар), Стефан Ристовски (Парма, Италија), Кире Ристевски (Славија Софија, Бугарија), Александар Тодоровски (Штурм, Австрија).
СРЕДЕН РЕД: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Стефан Спировски (Берое, Бугарија), Мухамед Демири (Сент Гален, Швајцарија), Марјан Радески (Металург), Ферхан Хасани (Брондби, Данска), Александар Трајковски (Зулте Варегем, Белгија).
НАПАД: Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Адис Јаховиќ (Риека, Хрватска) Јован Костовски (Левен, Белгија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


