Снежното невреме во ЈАпонија однесе најмалку пет животи. Две лица се водат како исчезанти, при невремето проследено со обилни врнежи од снег и силен ветер, што ги зафати северните делови на централниот јапонски осторв Хокаидо.
Меѓу загинатите се и жена и нејзините три деца, кои починале како последици на задушување од издувни гасови, од како останале затрупани од снегот во нивниот автомобил. На спасувачките екипи им требало два часа да стигнат до местото на кое се наоѓал затрупаниот автомобил со мајката и трите деца.
Невремето предизвика порблеми во одвивањато на сообраќајот, при што на многу патишта се формирани километарски колони од возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.