Денеска во Њујорк почнува последниот гран-слем оваа сезона. Отвореното првенство на САД или попознато како „УС опен“ ќе се игра од 25 август до 7 септември. На овој турнир ќе учествуваат 128 тенисери и тенисерки, по 64 во секоја конкуренција.
Наградниот фонд за оваа година ќе изнесува преку 35 милиони долари, што е најголем до сега во историјата на тенисот.
Минатогодишниот победник во машка конкуренција, Шпанецот Рафаел Надал нема да може да ја брани титулата бидејќи го откажа учеството на една недела пред почетокот на првенството поради повреда на зглобот на десната рака.
Најголем конкурент за освојување на насловот е Новак Ѓоковиќ, кој е и прв носител на турнирот. Најголем конкурент секако му е најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер, кој досега има освоено рекордни 17 титули на гран-слем турнирите.
Како фаворити од сенка кои можат да влезат во конкуренција за освојување на турнирот се Станислас Вавринка, кој традиционално добро игра на грен-слем турнирите, неуморниот Давид Ферер, се подобриот Милош Раониќ и годинава одличниот Григор Димитров.
Во женска конкуренција се чини дека неприкосновена е Серена Вилијамс, која успеа да се врати на терените по подогла пауза поради вирус. Таа ќе се обиде да ја одбрани титулата иако ќе има жестока конкурецнија во имињата на Симона Халеп, На Ли, Петра Квитова, Марија Шарапова.
Секој ден од 17 часот ќе уживаме во фантастичните игри на тенисерите во следните 14 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





