| четврток, 6 декември 2018 |

Односот Обама-Клинтон повторно привлекува внимание

Merkel Obama kiss

Претседателот Барак Обама и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон имаат долг и комплициран однос. Новиот момент во тој однос настапи неодамна кога Хилари Клинтон ја критикуваше надворешната политика на Обама, истакнувајќи во интервју за магазинот The Atlantic дека избегнувањето на надворешнополитичките грешки не треба да биде главен принцип на надворешната политика на САД. Новинарот за Глас на Америка Џим Малоун во својот прилог укажува на обновено внимание на односот Обама – Клинтон, додека поранешната државна секретарка разгледува можност за кандидирање на претседателските избори во 2016 година.

Пред да бидат пријатели и сојузници, Барак Обама и Хилари Клинтон биле ривали. Иако Барак Обама победи на изборите на демократската партија во 2008 година, тој изненади многумина кога подоцна ја избра Хилари Клинтон за свој прв државен секретар. – Заеднички се залагаме за вредностите, интересите и безбедноста на нашата земја. Како сите партнери и пријатели не се согласуваме во се. Меѓутоа, горда сум што служев во неговата администрација и за него. .

Помирливи зборови упати и заменикот портпарол на Белата Куќа Ерик Шулц.
– Тие и понатаму се согласуваат за многу прашања со кои се соочува нашата земја, иако понекогаш не се согласуваат во поглед на конкретните потези. Претседателот ги цени нејзините совети и што е уште поважно, го цени нејзиното пријателство.

Меѓутоа, аналитичарот Томас Ман вели дека, ако Хилари Клинтон влезе во трката за Белата куќа, може да очекува дека почесто ќе ги наведува разликите меѓу нејзините и ставовите на претседателот Обама.

– Според својот став таа е поголем јастреб. Мислам дека зборуваше целосно отворено за она во што верува во надворешната политика. Не сметам дека тоа беше брилијантна тактика за да се позиционира за изборите.

Републиканците исто така се подготвуваат за можната изборна кампања на Хилари Клинтон, но за сега е многу неизвесно кој би можел да се појави како нејзин противкандидат од неговите редови, вели аналитичарот Џон Фортије.

– Републиканците исто така се свесни за нејзините предности и слабости, но мислам дека за нив многу поголем проблем е да имаат противкандидат кој ќе биде толку добро познат како Хилари и кој ќе може да се носи со неа на рамна нога.

И Хилари Клинтон и претседателот Обама наскоро ќе почнат да се појавуваат на изборните митинзи пред конгресните избори во ноември на кои републиканците за сега имаат јасна предност, вели Томас Ман.

– Тоа е посебно случај кога претседателот не е посебно популарен, кога луѓето и понатаму се соочуваат со економските проблеми и кога сметаат дека земјата се движи во погрешна насока.

Меѓутоа, претседателот Обама исто така мора да ги балансира настапите во текот на изборната кампања со потребите за управување со земјата, како реакциите на последиците на контроверзното убиство од страна на полицаецот Фергусон во Мисури и воените удари против екстремистите во северен Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top