| четврток, 6 декември 2018 |

Муџахедините ја освоија најголемата рафинерија во Ирак

rafinerija-nafteИрачката армија не успеа да го спречи нападот на борците од џихадистичката групација „Исламска држава“ врз најголемата рафинерија во земјата, која се наоѓа во северниот град Бајџи, јави телевизијата „Ал Арабија“.

Според првичните информации екстремистите ја нападнале рафинеријата во петокот вечерта, по што избиле жестоки судири, кои продолжиле во саботата и неделата.

Засега нема информации за загубите кои ги претрпеле двете страни.

Рафинеријата „Бајџи“ ги обезбедува потребните нафтени производи за повеќето ирачки провинции. Нејзиниот капацитет се проценува на околу 600 илјади барели дневно.

Екстремистите досега повеќе пати се обидуваа да ја заземат рафинеријата, но беа спречувани од армијата или од локалните сунитски племиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top