| четврток, 6 декември 2018 |

Бојана претчувствувала: Те знам Иване, ќе ме убиеш!

иван

Бојана Бачевиќ (27), која во петокот во таканаречената љубовна соба на нишкиот затвор ја уби бившиот сопруг Иван Миловановиќ (35), ја претчувствувала својата смрт! За тоа сведочи и писмото на убиецот кое ден пред трагедијата стигнало на адреса на Бојанината сестра, Бобана Радиќ. Иван на пет густо напишани страни напишал дека се слушнал со Бојана, на која и рекол дека испратил писмо.  

– Таа ќе ми дојде во посета, а замислете што вели: „Ти мене таму ќе ме убиеш!“. Јас и реков дека нема да ја убијам ниту во затворот ниту надвор, а таа ми рече: „Кога ќе излезеш, ќе пратиш некого да ми ги скрши нозете, те знам!“. И се заколнав во нашата ќерка дека нема да и напрвам ништо лошо – напишал Иван во писмото кое го објави српски Курир.

Во писмото Иван ја обвинува Бојана за неверство.

-Доста беа караници меѓу мене и неа заради Ј…, останатите нема ни да ги спомнувам. Решив да кренам раце од Бојана, нека го живее својот живот, и посакувам се најдобро. Бојана е мајка на мојата ќерка и да е најдобра и да е најлоша. Се договоривме да ми доаѓа во посета и да ми ја носи ќерката. Јас ќе и бидам пријател, Бојана може да спие како јагне, ниту ќе ја убијам, ниту ќе и направам нешто лошо.
Тоа би било најлесно, а најтешко е да се биде човек. Да сакав нешто лошо, таа веќе ќе завршеше во количка, но јас не сакам на своето дете да му нанесам болка. Можев да ја убијам, таа тоа го заслужува тоа 100 насто. Некој друг на мое место тоа и би го направил, злосутно напишал Иван.
Бојана Бачевиќ ќе биде погребана во Каменица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top