| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасни слики од главниот град на калифатот: Драги Боже не знам како сеуште сме живи!

Група неверојатно храбри активисти го бележи шокантното секојдневие во главниот град на исламистите.

Додека во Вашингтон идејата за можното проширување на американските воздушни напади од Ирак на Сирија се споменува се поглесно, од главниот град на калифатот, кој неодамна го прогласи ексртемистичкото движење Исламска држава, стугнуваат застрашувачки сведоштва од ретките поединци кои се доволно храбри и снаодливи да ги споделат со остатокот од светот.

Станува збор за неколку млади активисти кои во Рага, сирискиот град во кој се утврдија исламистите, секојдневно ги рескираат животите набљудувајќи и потајно бележејќи ги ѕверствата кои ги вршат припадниците на злогласната Исламска држава, познати по кратенките ISIS i ISIL.

Еден од нив е 23-годишниот Абу Ибрахим кој своевремено прв во светот ги испрати снимките на жртвите на ISIS, која на централниот градски плоштад казнуваше со распнување на крст. Страшниот чин тој го снимил со камера сокриена во ракавот, свесен дека доколку биде откриен може токму тој да биде следниот што ќе биде распнат на крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top