| четврток, 6 декември 2018 |

Руската армија го доби најмоќното оружје на светот-ракетите „Верба“

Во руската армија започнаа да пристигнуваат новите зенитно-ракетни преносни системи „Верба“. Ова го изјави АРМС-ТАСС, пренесувајќи изјава од коломејнската научно-производствена корпорација „КБМ“, каде се произведува ова оружје.

Според зборовите на претставник од КБМ, во овој момент „Верба“ веќе се наоѓа кај десеттина падобрански дивизии и моторизирани бригади на Источниот воен оркуг.

Според своите тактично-технички карактеристики системот 9К333 „Верба“ е подобар од сите преносни зенитно-ракетни системи кои во овој момент ги поседуваат вооружените сили на Руската Федерација, а исто така и од странските модели на овој вид оружје – американскиот систем “Stinger Block 1” и кинескиот QW-2.

Една од најважните предности на „Верба“ е високата веројатно од погодување на целта која емитува силни сигнали – крстосувачки ракети и беспилотни летала, објасни претставникот на КБМ.

„Во светот не постои систем кој според борбената ефикасност е еднаков на ‘Верба’“, нагласи претставникот на корпорацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top