| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Руската војска и морнарица мора да бидат опремени со најмодерно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската војска и морнарица мора да бидат опремени со најмодерно оружје за војната во иднина.

– Ако сакаме да победуваме, мора да бидеме најдобри, истакна Путин, додавајќи дека клучните одредби на новата програма имаат за цел да обезбедат загарантирано стратешко одвраќање, а во случај на надворешна закана – ефикасна неутрализација.

Тој на состанокот со главните претставници на руската одбранбена индустрија и официјално воени лица истакна дека е при крај изработката на нацртот на државната програма за набавка на оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top