Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не постојат проблеми во врска со планираното купување руски ракетни системи „земја-воздух“ С-400 и дека разговарал со Русија и за систем С-500.
Турскиот претседател истакна дека нема да има заедничко производство во првата фаза на набавка на С-400, но во втората фаза, тоа може да се промени.
– Ако даде Господ, ќе преземеме чекори кон заедничко производство, изјави Ердоган.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, на почетокот на неделава, во интервју за „Аксам“ рече дека Анкара би можела да се откаже од купување на С-400, ако не постои договор за заедничко производство.
– Рускиот претседател Владимир Путин ни кажа дека можеме да преземеме чекори за заедничко производство, технологијата е клучна, изјави Чавушоглу, додавајќи дека Турција, „доколку рускиот став биде негативен, може да постигне договор со друга земја”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.