Возачот на Формула 1 тимот Ред Бил Автралианецот Даниел Рикардо е победник на денешната трка за големата награда на Белгија возена на патеката СПА Франкошамп.
Младиот пилот продолжува со сензационалните резултати оваа година, бидејќи тој и покрај доминацијата на Мерцедес оваа сезона успеа досега на 12 трки да оствари три победи. Ова беше негова втора победа по ред и покажува дека се работи за одличен пилот во најбрзиот циркус. Почетокот на Формула 1 викендот по ништо не покажуваше дека некој друг возач ќе може да го победи двоецот на Мерцедес, Розберг и Хамилтон во борбата за пол-позиција имаа дури две секунди предност пред конкуренцијата.
Рикардо со импресивно возење зад себе го остави лидерот во генералниот пласман Нико Розберг. На третото место се пласираше Валтери Ботас, а по него следуваа Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Еден од најголемите конкуренти за титулата Луис Хамилтон не ја заврши трката и сега заостанува зад Розберг 29 бода кој има 220. На третото место е денешниот победник со 156 поени. До крајот нa сезоната остануваат уште седум трки, а ако продолжи со добрата форма Рикардо може да им ги замрси сметките на водечките во генералниот пласман во борбата за титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.