| четврток, 6 декември 2018 |

Британски рапер осомничен за отсекувањето на главата на новинарот Фоли

abdel

Британскиот рапер Абдел Мајед Бери е џихадистот кој му ја отсече главата на новинарот Џејм Фоли, говорат првичните информации. Познатиот дваесетитри годишен артист од Лондон доброволно заминал да се бори на страната на исламистите во Ирак и Сирија. Сѐ уште не е официјално потврдено дека раперот стои зад обезглавувањето на новинарот, но според британската разузнавачките служби МИ 5 и МИ 6 речиси се сигурни дека извршител на злосторството е раперот кој бил член на џихадистичката група Битлс.
abdel1
Покрај раперот осомничен е и компјутерски хакер Абу Хусеин Ел Британи (20) и Абу Абдула Ел Британи (22), членови на истата група.

Абдел Мајед Бери пред убиството на новинарот на Твитер објави фотографија на која држи отсечена глава на сириски војник, под која напишал „уживам со мојот пријател, кој гледате, не е во најдобра состојба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top