
Откако српскиот политичар Чеда Јовановиќ, но и старлетата Станија, ја предизвикаа српската турбофолекрка Јелена Карлеуша да се полие со вода како дел од „Студениот предизвик“, атрактивната Србинка фо стори тоа. Таа се прошета на црвениот килим на затворањето на 20-тото јубилејно издание на филмскиот фестивал во Сараево, а по враќањето во Белград на аеродромската писта на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ беше полеана со кофа студена вода.
Екипата на српски „Курир“ ја следела Јелена , која во 17 часот полетала со приватен авион од Белград, а до црвениот килим од аерoдромот стигнала со лимузина. Таа се појавила со долг фустан од Версаче од 5.000 евра кој го купила од Милано, а на крајот на вечерта бил целосно мокар. Јелена на фестивалот била поканета како специјален гостин, во својство на амбасадор на добра волја од Србија и како голем пријател на Сараево. Нејзиното пристигнување во Сараево предизвикало големо внимание кај тамошните медиуми.
По церемонијата околу 21 часот, со истата лимузина пејачката се упатила на аеродром од каде полетала за Белград. Со оглед на тоа што Јелена од сè сака да направи атракција така и „Студениот предизвик“ решила да го направи интересен.
Таа ги номонираше Ивица Дачиќ, Цеца Ражњатовиќ и својот сопруг Душко Тошиќ. Цеца беше номинирана и од Боки 13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


