
Уште четири нови случаи на заразени со жолтица се регистрирани во Штип, со што бројката на заразени од болеста во овој град се искачи на 30 лица. Според надлежните институции во Скопје нема нови заболени од заразата, но се хоспитализирани 66 лица.
Најголемо жариште на заразата во Штип се дивоизградените населби Балканска, Каваклија, Шардаван баши и пораненшниот објект на Психијатриската болница, каде што привремено живеат повеќе ромски семејства. Во овие населби има и најмногу диви чешми.
Се препорачува одржување лична хигиена со цел да се избегне заразата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


