| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кошаркари вечерва на дуел со Данците

Kosarka Makedonija Belgija 22 (Custom)Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ќе и се спротистави на Данска во рамките на 5.коло од квалификациите за Евробаскет 2015. Силите вечерва ќе ги одмерат на домашен терен, во спортскиот центар „Борис Трајковски, со почеток во 20 часот и 30 минути.

Македонските кошаркари ги совладаа данските противници на нивни терен со резултат 81:75.

– Постигнавме добар резултат со двете победи над Данска и над Белорусија на гости, но тоа не треба да не залажува. Нема да биде лесно со Данска, тоа е цврста екипа која брзо се трансформира одбрана-напад. Мора да влеземе максимално мотивирани, а малку замор почуствувавме со Белгија на последниот натпревар (одигран во среда), но со помош на навивачите, „нашиот шести играч“, можеме до триумф и да избориме пласман на Европското првенство, изјави Бојан Трајковски, кој со 50 поени е најдобар стрелец во нашиот состав, а со 20 скокови е втор скокач.

Денеска се играат сите натпревари од 5.коло од квалификациите во седумте групи:

А група:
БиХ – Велика Британија.
Исланд слободен.
Табела:
Исланд 5,
БиХ 4,
В.Британија 3

Б група:
Бугарија – Црна Гора
Израел – Холандија.
Табела:
Израел 7,
Холандија 7,
Црна Гора 6,
Бугарија 4.

Ц група:
Германија – Австрија
Полска – Луксембург.
Табела:
Полска 7,
Австрија 7,
Германија 6,
Луксембург 4.

Д група:
Македонија – Данска
Белорусија – Белгија.
Табела:
Белгија 7,
Македонија 7,
Белорусија 6,
Данска 4.

Е група:
Португалија – Чешка
Грузија – Унгарија.
Табела:
Чешка 7,
Унгарија 7,
Грузија 6,
Португалија 4.

Ф група:
Словачка – Летонија
Шведска – Романија.
Табела:
Летонија 8,
Романија 7,
Шведска 5,
Словачка 4.

Г група:
Италија – Русија.
Швајцарија е слободна.
Табела:
Италија 4,
Русија 4,
Швајцарија 4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top