
Далмација вчера ја погоди неврме. Во Задар за неколку минути улиците биле поплавени, откако циклонот од отворено небо се проширил на подрачјето на Шибеник. Силниот ветар кршел гранки и предизвикувал паники. Уништени се дрвја, автомобили, блокиран е сообраќајот. Делови од градовите останале без струја, а најопасно било на море. Покренати се акции за спасување.
Невремето се рошири и во БИХ и Србија. Ја погоди западна Србија оштетен е дел од пругата Белград-Ниш во близина на Раља. Невремето нанело големо количество земја и гранки на шините.
Во невремето што го зафати и поголемиот дел од Белград полесно се повредени две лица. Невреме со град го зафати и дел од Колубарскиот Округ, при што предизвика значителна штета на објектите, возилата и на посевите.
И Босна и Херцеговина вчера беше зафатена од бура со град: Од невремето се погодени општина Грачаница во Тузланскиот Кантон, Добој, Зворник и Бијелина.
Во Грачаница паѓал град со големина на јајце, додека во подрачјето на Добој градот бил со големина на орев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


