По долго размислување кој град во Австрија ги исполнува сите услови за едно вакво големо музичко натпреварување, Австрискиот национален телевизиски сервис – ОРФ ја одбра токму престолнината на оваа земја, а Европската радиодифузна унија ја одобри одлуката. Виена ќе биде домаќин на 60. издание на европскиот музички фестивал. Двете полуфинални вечери се закажани за 19 мај и 21 мај, а финалето за 23 мај наредната година.
Австрија ја доби улогата на домаќин по победата на Кончита на последното, 59. издание на Евросонг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.