| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон испушти значајни три бода во финишот на мечот со Арсенал (видео)

Everton FC vs Arsenal FC

Во англискиот фудбалски ден, Арсенал одигра 2-2 со Евертон, на гостувањето кај „карамелите“ во Ливерпул, иако на десет минути до крајот „топчиите“ беа на раб на првиот пораз во новата сезона во Премиерлигата.

Арон Ремзи со својот трет гол во четвртиот меч за Арсенал и Оливие Жиру во 90-та минута, го спасија Арсенал од пораз во последните седум минути од мечот на „Гудисон парк“, откако лондонскиот премиерлигаш цел меч беше во негатива.

Евертон поведе преку Колман уште во 19-та минута, а Најсмит го дуплираше водството пред крајот на првиот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top