Парламентот на Сиера Леоне усвои амандман на Законот за здравство, според кој секој што ќе крие заболено лице од ебола може да добие казна до две години затвор.
Владата беше принудена да донесе таква мерка бидејќи многу семејства во Сиера Леоне се обидуваат да ги скријат инфицираните од ебола, поради што расте бројот на заразени.
Светската здравствена организација вчера објави дека во Сиера Леоне регистрирани се најмалку 910 случаи на заразени од вирусот на ебола, а од нив починале 392.
Измената на Законот од 1960 година треба да биде одобрен од претседателот на Сиера Леоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга


