Во месноста „Ѓусијал“ во атарот на тетовското село Порој биле откриени 815 стебла „канабис сатива“ по што биле искорнати од страна на полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово.
– Пронајдените стебла се со различна големина од 50 сантиметри до три и пол метри и по наредба на судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово се фотодокументирани, подигнати и транспортирани за вештачење. Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со јавен обвинител, презема активности за расветлување на сите поединости околу пронајденото, кога, кој и како ги посадил на таа површина, дали се одгледувани или самоникнати, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
На почетокот на оваа недела во тетовското село Фалише од страна на полицијата беа пронајдени и искорнати 160 стебла „канабис сатива“, исто така, со различна големина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Слаткар ја поддржа кампањата на здружението „Билка“
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


