| четврток, 6 декември 2018 |

Рикеман од Белгија прв, Поп Ацев втор во Охрид

0609-Поп-АцевБрајан Рикеман од Белгија е победник на годинaшното 28-мо издание на Охридскиот пливачки маратон, што се плива во рамки на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Рикеман успеа во жестоко темпо и драматичен финиш да триумфира пред останатите пет пливачи со кои во група речиси истовремено ја мина последната контролна точка кај Канео.

Втор на целта кај Градското пристаниште во Охрид со безмалку еден завеслај задоцнување ја мина нашиот Евгениј Поп Ацев, додека третопласиран е французинот Јоанес Едел.

Според пропозициите и износот на наградниот фонд, победникот на Охридскиот пливачки маратон добива 15, второпласираниот 11, а третопласираниот маратонец 9 бода за во генералниот пласман.

Последниот маратон од годинашната Гран-при серија ќе се плива на 7 септември на патеката Капри-Неапол, долга 36 километри.

Инаку, рекордот на Охридскиот пливачки маратон му припаѓа на францускиот маратонец Рајмонд Аксел кој фантастичниот резултат од 5 часа, 9 минути и 54 секунди го постигна минатата година на неговото деби во водите на Охридското Езеро.

Во генералниот пласман во грандпри серијата по шест маратони, води Едел со 52 бода еден повеќе од Томи Стефановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top