| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО- ДПМНЕ: Наместо етикетирање, СДСМ да ја поддржи борбата против криминалот

sdsm-vmro1СДСМ наместо да прави опструкции и да реди етикети кон институциите, треба да ги поддржи во нивната борба против криминалот и предизвикувачите на инциденти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Од СДСМ порачаа дека е загрижениза безбедноста на граѓаните п, како велат, серијата убиства и пресметки, за што посочија кон институциите оценуајќи ги како неспособни.

„Наспроти сите обиди на СДСМ да предизвика чувство на страв и тензии во општеството, непобитен е фактот дека рекорден број на убиства во Македонија имаше во времето на СДСМ во 2003-та година, вкупно 75. Нарушувањето на безбедносната состојба и инцидентите се одамна неостварена желба на СДСМ, која ние никогаш нема да ја дозволиме. Во СДСМ треба да бидат уверени дека како во сите изминати случаи така и сега, сторителите ќе бидат најдени и ќе одговараат пред лицето на законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top