Двоецот на Мерцедес во Формула 1 шампионатот Нико Розберг и Луис Хамилтон ќе стартуваат од првиот ред на утрешната трка што се вози за големата награда на Белгија на патеката Спа Франкошамп.
Розберг со четвратата едноподруго пол-позиција најави дека е во одлична форма и со нешто повеќе од две десетинки беше подобар од својот клупски колега. Хамилтон може да биде задоволен со второто место бидејќи на последните неколку трки имаше проблеми со болидот и мораше да стартува од задниот дел од колоната.
Доминацијата на Мерцедес се потврдува и со фактот дека третиот на овие квалификации пилотот на Ред Бул актуелниот шампион Себастијан Фетел заостана дури две секунди.
По нив следуваат Алонсо, Рикардо и Ботас. Ферари се повеќе е конкурентен во овогодинешниот шампионат бидејќи покрај одличното четврто место на Фернандо Алонсо и Кими Раиконен успеа да влезе во првите десет. Тој ќе стартува од осмата позиција.
Трката е на програмата утре со почеток во 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


