| четврток, 6 декември 2018 |

Уснија Реџепова се бори за живот

уснија

По смртта на нејзиниот сопруг Светомир Шешиќ Шеле, кој почина во август минатата година од рак на панкреасот, Уснија Реџепова има драстично влошена здравствена состојба, и од тогаш, не ја напушта куќата.

Уснија веќе две години страда од сериозна болест на белите дробови и се чувствува многу лошо, дури не излегува ни од дома.

– Реџепова е целосно повлечена во себе, речиси и да нема комуникација со никого. Нејзиниот брат и сестра и помагаат и постојано се со неа. Таа беше болна и пред да почине нејзиниот сопруг, но тогаш имаше поддршка и помош. Додека беше во првата фаза од болеста, обично се движеше низ градот и работеше, но кога го изгуби Шеле, нејзиниот живот се претвори во пекол. Оставена е сама и мизерна. Нејзината состојба е критична, едвај може да се движи. Уснија е голем оптимист и затоа не губи надеж дека ќе биде подобро, и прима лекови и терапии. Силна жена све трпи – пишува српки Курир и додава дека често ја посетува нејзината колешка Мерима Његомир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top