Кошаркарската репрезентација на САД синоќа ја совлада репрезентацијата на Порторико во пријателски натпревар со 112-86. Ова беше последен натпревар во подготвителниот период за ѕвездите од НБА лигата пред светското првенство во кошарка во Шпанија кое започнува на 30 август.
Веднаш по натпреварот беше објавен и конечниот список на играчи кои ќе ги бранат боите за САД.
Селекторот Мајк Крижевски имаше тешка задача кои четири имиња да ги изостави од списокот. Последното скратуње на списокот не го „преживеаа“ Дамијан Лилард, Кајл Корвер, Гордон Хејворд и Чендлер Персон.
Играчите кои ќе патуваат во Шпанија и ќе се обидат да ја одбранат титулата од минатото светско првенство се: Дерик Роуз, Демаркус Казинс, Стефон Кари, Ентони Дејвис, Демаркус Дерозан, Андре Драмонд, Кенет Фарид, Руди Гај, Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Мејсон Пламли и Клеј Томсон.
– Ова е најтешкиот избор кој мораше да го направиме пред СП уште од 2005 година. Сите кандидати вложија извонреден труд во подготовките. Сепак моравме да одбереме поединци кои имаат единствени способности кои се вклопуваат во нашите тактички замисли – изјави директорот на репрезентацијата Џери Колангело.
САД ќе настапат на отварањето на СП на 30. август против репрезентацијата на Финска. Покрај САД и Финска во групата Ц уште се наоѓаат и репрезентациите на Доминиканска Република, Турција, Украина и Нов Зеланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



