
Иран ја одби посетата на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на воениот објект во Парчин во близина на Техеран, изјави иранскиот министер за одбрана, генерал Хосеин Дехкан.
МААЕ повеќе пати побара инспекција на Парчин, поради сомневање дека таму се спроведуваат тестирања на конвенционални експлозиви, кои може да се употребат во развивање на нуклеарната програма.
Техеран демантира дека врши такви тестирања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


