| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во Неготино – маж пронајден мртов на гробишта

Машко починато лице вчера околу 10:45 часот било пронајдено на селските гробишта во неготинското село Пепелиште.
Како што пишува Курир, починатиот е 86- годишниот Вељо А. од истото село кај кого на телото биле забележани видливи траги на насилство.
Во врска со убиството, полицијата привела едно лице кое се сомничи дека е сторител на делото.
Извршен е увид на местото на убиството од каде се подигнати траги и предмети кои се предадени на вештачење. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top