Во реванш дуелот од Супекупот на Шпанија екипата на Атлетико Мадрид славеше со 1-0 против градскиот ривал Реал и со тоа вкупен резултат од 2-1 заслужено се радуваше на првиот трофеј освоен оваа година. Во првиот натпревар на Сантијаго Бернабе двата тима одиграа нерешено 1-1.
Единствениот гол го постигна новото засилување за „јорганџиите“ Хрватот Марио Манџукиќ по само 80 секудни игра.
Освојувачот на Шпанскиот куп минатата сезона Реал Мадрид своите шанси за израмнување ги пропушти уште во првото полувреме преку Џејмс Родригез. Атлетико можеше и поубедливо да го победи Реал, но пречката беше сојузник на голманот Икер Касилјас по ударот на Раул Гарсија.
овој натпревар беше само вториот за Манџукиќ во новиот тим и веднаш постави нов рекорд. Неговиот гол влегува во историјата како најбрз гол во Шпанскиот Суперкуп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



