| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Ердоган ќе покренат проект за енергетска соработка

hareпутин

Претседателот на Русија, Владимир Путин и новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган разговраа за покренувањето на заедничкиот проект во енергетскиот сектор, соопштено е од Информативната служба на Кремљ.

Путин и Ердоган вчера разговарале телефонски на иницијатива на турскиот претседател. Двајцата разговарале за важни билатерални прашања, а посебно за покренување на заеднички проект во енергетскиот сектор, се наведува во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека Путин и Ердоган се согласиле дека со заедничките интереси е важно да се продлабочи руско-турската соработка во различни области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top