| четврток, 6 декември 2018 |

Бајден: САД ќе му помогнат на Ирак во изградбата на федералниот систем

бајден

Заменик-претседателот на САД Џо Бајден изјави дека Вашингтон е подготвен да му помогне на Ирак во изградба на федералниот систем, со кој ќе се децентрализира власта.
Во статија за весникот „Вашингтон пост“ Бајден изјави дека Ирак бележи напредок во формирањето нова Влада, но нагласи дека верските несогласувања ги потхрануваат екстремистичките движења како „Исламска држава“.
Според Бајден федерализмот се смета за позитивно решение за иднината на Ирак.
Тој го спомена планот, кој беше предложен во 2006 година, со кој Ирак би се поделил на три полунезависни региони на шиити, сунити и Курди.
Според него оваа варијанта би го зачувала Ирак обединет, би го заштитила локалното население и би гарантирала дека добивката од нафтата праведно ќе се распредели, а при тоа ќе биде потисната „Исламска држава“.
– САД ќе пружат помош за таа цел – додаде Бајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top