Во необичната глобална кампања во која познати личности се полеваат со кофи со студена вода во хуманитарни цели, која неколку недели е актуелна на социјалните мрежи ја поддржа и словачкиот претседател Андреј Киска, јави дописникот на МИА од Прага.
Според досегашната практика, луѓето на интернет објавуваат видео, како на главата си истураат кофа со студена вода. Истовремено треба да повикаат друга личност која во наредните 24 часа ќе го сторат истото или ќе исплатат финансиска помош за борба против Амиотрофичната латерална склероза (АЛС).
– Да се полеам со студена вода, тоа е најмалку што можам да направам за луѓето што се болни од оваа болест. По враќање од одмор ќе се обидам да најдам здруженија кои им помагаат на пациентите во Словачка и со задоволство ќе помогнам и финансиски – напиша Киска на својот фејсбук профил.
Киска е познат филантроп, основач на неколку здруженија за помош на болни и сиромашни луѓе и кој откако летоска стана претседател на Словачка се откажа и од месечната плата во корист на хуманитарни цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.