| четврток, 6 декември 2018 |

Приштина: Мустафа е избран неуставно

4514348-downtown_PristinaУставниот суд на Косово соопшти денеска дека изборот на Иса Мустафа за претседател на Парламентот на Косово на конститутивната седница на 17 јули, е неуставен.

Во Уставниот Суд на Косово вчера за тоа било одржано јавно сослушување и било одлучено целиот случај да се врати на почеток, објавено е денеска на Интернет страницата на Судот.

Според Уставниот суд, за време на конститутивната седница бил прекршен Уставот и Деловникот за работа на Парламентот. Судот пресуди дека било неуставна постапката за избор за претседател поради тоа што била донесена одлука за одржување конститутивна седница, иако за тоа немало кворум.

Уставниот суд констатираше дека претседателот на Собранието треба да биде од редовите на најголемата парламентарна група Демократска партија на Косово на Хашим Тачи.

На крајот, Уставниот суд ја прогласи неуставна конститутивната седница бидејќи не била завршена по изборот на претседател и потпретседател со што се прекршени Уставот и Деловникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top