| четврток, 6 декември 2018 |

Нови седум убиства на израелски шпиони во Газа

Funeral in Tel Aviv of soldier killed in Gaza StripВооружени маскирани лица убија седуммина осомничени израелски шпиони во близина на џамија во градот Газа, каде верниците завршувале со традиционалната петочна молитва.

Со нивното ликвидирање бројот на наводните доушници кои се убиени денеска во Појасот Газа изнесува 18 лица. Денешното јавно стрелање се случи во близина на џамијата Ал Омари во градот Газа.

Претходно, стрелачката единица на движењето Хамас уби 11 луѓе во седиштето на полицијата во Газа.

Убиствата следеле еден ден откако тројца високи команданти на Хамас загинаа во израелски воздушен напад врз една куќа во јужниот дел на Појасот Газа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top