| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: „Кучињата на војната“ ќе бидат уапсени и затворени

Vucic-1
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска уште еднаш ги повика српските државјани кои војуваат на територијата на Украина да се вратат и порача дека доколку ги игнорираат овие барања ќе бидат преземени мерки против нив.
– За нив ќе има затворски казни, тие ќе бидат изведени пред правдата. Уапсени, па затворени во согласност со законот. Ние знаеме за секого на која секоја страна е, можеби за двајца или тројца не знаеме… земјата има свои служби и можеби не знаеме за вкупно
десетина имиња во Сирија, и тоа го работиме заедно со најмоќните светски служби – рече Вучиќ пред новинарите во Владата на Србија.
Тој кажа и дека државата е таа која ја води земјата во војна или не, дека така секогаш било и дека така секогаш и ќе биде.
– Србија не е во војна со никого, Србија нема да води војни туку сака во мир да гради подобра и поинаква држава -порача Вучиќ.
Тој повтори дека ќе се донесат измени во кривичниот закон и уште еднаш ги повика оние кои војуваат да се вратат во земјата.
– Уште еднаш ги повикувам оние кои заминале на територијата на Украина без разлика на која страна се, а тоа е мал број луѓе, веднаш да се вратат во својата земја, бидејќи тоа е добро за нив и нивните семејства да ги сочуваат своите животи. Второ, тоа не се војни во кои
Србија на кој било начин треба да учествува – истакна Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top