| четврток, 6 декември 2018 |

Богатите вежбаат, а сиромашните пијат апчиња за слабеење!

вежби

Проблемите со пари создаваат проблеми во планирањето на време за вежбање и здрави оброци. Овој проблем се решава со неефикасни стратегии за слабеење, кои на крај не решаваат ништо.

Кај сиромашниот дел од населението, посебно жените од оваа група, поголема е веројатност да бидат дебели. Она што посебно го влошува целиот проблем е што најсиромашните (студијата е за Американци) е помалку веројатно да веруваат и да пробаат докажани методи за слабеење, и наместо тоа секогаш одат на брзи решенија како апчиња за слабеење.

Во студија на Конкордија Универзитетот се следат 3.000 деца (8-19 години) и 5.000 возрасни (20+). Две третини од нив една година се обидуваат да ослабат со намалување на храната.

По една година, резултатите се:
– возрасните во просек се здебелиле за 1,3 килограми.
– децата се здебелиле за 5,4 килограми.
– луѓето кои биле во групата со ниски примања, во просек се здебелиле околу 1 килограм повеќе отколку оние со највисоки примања.

Иако не е спорно дека здравата храна е поскапа, вината кај сиромашните отпаѓа и на некои од нивните навики. “Водата (претежно) е бесплатна, ама луѓето со ниски примања помалку ја пијат. Во исто време апчињата за слабеење чинат пари”.

-Тоа може да е до стресот во животот на сиромашните кој го отежнува одржувањето на диета и план за вежбање. Тешко е да се вежба кога живееш во небезбедна населба. Стресот те тера на емоционално јадење. Не можеш да планираш кога ќе одиш да вежбаш кога распоредот за на работа го знаеш само 3 дена однапред – објаснува Олга Казан во Атлантик.

Тие потсетуваат на сите студии кои објаснуваат како стресот од немање пари влијае на нас. Минатата година една студија откри дека сиромаштијата е еднаква на ментален товар од губење 13 поени од коефициентот на интелигенција. Друга студија покажа дека луѓето кои се во финансиски проблеми побрзо се откажуваат од решавање проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top