| четврток, 6 декември 2018 |

Французин го знае убиецот на новинарот Фоли

novinar fouliПоранешниот француски заробеник на Исламска држава, Дидије Франсоа изјави дека „го знае идентитетот“ на џихадистот кој учествуваше во егзекуцијата, со отсекување на главата, на американскиот новинар Џејмс Фоли, пишуваат британските медиуми.

Франсоа кој беше ослободен во април, годинава, рекол дека „може да претпостави за кого станува збор“ иако признава дека целосно не може да биде сигурен дека токму тој е извршителот на погубувањето на Фоли.

Тој вели дека во изминатите четири месеци не давал никакви изјави, за сега убиениот Американец, или за другите американски новинар, Стивен Сотлоф, затоа што се плашел дека џихадистите би можеле да им се одмаздуваат на заробениците.

 Според Франсоа,заробениот Фоли е ликвидиран откако џихадистите кои го чувале, откриле преку неговата интернет странуца оти има брат кој работи во военото воздухопловство на САД.

Поранешниот француски заробеник објаснува дека Фоли бил киднапиран од ќихадистите, во 2012 година, во сирискиот град Идлиб, веднаш штом американскиот новинар излегол од едно импровизирано интернет-кафуле, каде претходно испратил еклектронски пораки за неговите родители и за уредниците на медиумите за кои работел.

Франсоа делел иста соба со Фоли и ги открива однесувањето и постапката на џихадистите кои ги чувале и постојано внимавале некој од заробениците да не побегне.

Британските медиуми тврдат дека џихадистот има специфичен акцент, зборувајќи англиски јазик, што значи дека израснал и живеел во Лондон, или во југоисточна Англија.

Весниците пишуваат дека џихадистот-егзекутор бил познат по прекарот „Џон“ а неговите двајца главни помошници, сите тројца британски муслимани, како прекари ги имале имињата на поранешните членови на групата „Битлс“ Пол и Ринго

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top