| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на „Император“ настрадал спасувајќи го пријателот

ohrid 2Еден од напаѓачите во вчерашниот инцидентот во Охрид е приведен, а полицијата се уште трага по убиецот, за кој неофицијллно се говори дека е 30-годишниот охриѓанец Б.П. Како што објави „Охрид нет“, охриѓанецот кој се сомничи дека е сторител на двојното убиство неодамна излегол од холандски затвор каде издржувал казна затвор за трговија со дрога.

Тој вчера по претходна расправија со пиштол ги усмрти 56-годишниот сопственик на угостителскиот објект „Император“ Васил Ристески и 38-годишниот Ромео Ѓузеловски двајцата од Охрид.

Васил Ристески,  беше директор на угостителскиот објект „Император“.Тој беше и независен кандидат за градоначалник на последните локални избори во Охрид, пoдржан од СДУ.

Ѓузеловски со години живеел  во Холандија и според претпоставките тој се познавал со убиецот. Најверојатно тој бил метата на убиецот.

Неофицијално, Ристески бил смртно погоден кога станал од масата да го одбрани Ромео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top