| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша имала спонтан абортус

hitportalJelena-Karleu--a

Српската пејачка Јелена Карлеуша во јануари годинава имала спонтан абортус во осмата недела на бременоста, пренесува српскиот магазин  „Стори“.

Пејачката не сакала да коментира:

– Навистина не сакам да зборувам за оваа тема. Ве молам да имате некаков обѕир. Доволно е да кажам дека постојаниот стрес доеде до катастрофални последици. Тоа е само моја работа, моја интима и не сакам за тоа да се зборува и да се пишува – изјавила пејачката.

Сепак таа не ја исклучила можноста за проширување на семејството. Јелена и фудбалерот Душко Тошиќ ги имаат ќерките Атина (5) и Ника (6).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top