
Во селото Калузлија во општина Карбинци вчера наутро, А.М.(26) од с.Калузлија, противправно била лишена од слобода од страна на две лица. Имено, лицата дошле на наведеното место и едниот ја фатил оштетената во пределот на рацете, почнал да ја влече, велејќи и дека ќе ја земе со него за да му биде сопруга при што истата давала отпор.
Другото лице ја внесол во патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки и се одалечиле во непознат правец. Случајот е пријавен од А.М.(27) од Карбинци, која била заедно со оштетената во моментот кога лицата противправно ја лишиле од слобода.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на А.М..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


