| четврток, 6 декември 2018 |

Со нови правила, ФЗОМ поблиску до пациентите

маја

Овие новини денеска ги соопшти директорката на Фондот на здравествено осигурување, Маја Паранарџиева Змејкова.

Првете две новини ќе стапат во сила од 1 септември, а за третата новина се очекува согласност од Министерството за здравство.

-Овозможуваме наместо досега 46 генерики на лекови кои што можеле дежурните служби  да ги препишуваат тој број да се зголеми на 50 генерики, бидејќи се воведоа дополнително антибиотици и антивиротици. Тие 50 генерики претставуваат дури 142 лека со заштитено име кои што нашиот осигуреник може навечер да ги добие – истакна Паранарџиева Змејкова.

Во овие 50 генерики има терапии за желудник, стомачни тегоби, срцеви заболувања, вирусни инфекции, бактериски инфекции , реума, покачена телесна температура, седативи, лекови за респираторни заболувања и лекови за алергија.

-Со втората новина утврдивме критериум со што секој град со број на жители над 50 илјади  да има задолжителна аптека која што ќе дежура навечер секој ден, тоа значи дека од 1 септември  11 најголеми градови ќе имаат псотојано аптека на располагање во ноќните часови – истакна Паранарџиева Змејкова.

Таа додаде дека во останатите градови исто така лековите ќе им бидат достапни на граѓаните 24 часа меѓутоа не со отворени аптеки туку со аптека на повик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top