| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка педофил, следела ученик за да има секс со него

28-годишната професорка по англиски јазик Џенифер Сакстон морала да си даде отказ, поради тоа што го следела својот 15-годишен ученик над 1000 километри, од Оклахома до Мисисипи, за да го одведе во хотелска соба и да имаат секс.

Таа е уапсена во јуни, но беше брзо ослободена бидејќи нејзиниот малолетен љубовник не соработувал со полицијата.

-Рече дека ништо не се случило и дека таа е прекрасна професорка, рекле од полицијата.

Сепак подоцна се им раскажал на полицајците.

-Со неа спиев повеќе пати. Првиот пат беше во училницата, потоа во нејзиниот автомобил. Имавме секс во нејзината куќа, а и во куќата на татко и кој е свештеник. И на многу други локации. Последен пат спиевме заедно во хотелската соба во Мисисипи, рече момчето.

Професорката Сакстон во меѓувреме се разведе и го смени своето презиме во Касвел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top